Извонредните Voca People ја воодушевија публиката на Антички
Нивниот театарско-музички перформанс не остави никого рамнодушен.
Антички театар синоќа исполнет до последно место. Израелскиот вокално-театарски состав, Вока пипл, не остави никого рамнодушен. Нивното извонредно а-капела пеење во комбинација со модерните звуци низ бит бокс, ја крена на нозе публиката на антички, а во нивниот настап особено уживаше помладата популација. Нивната програма насловена како „Историјата на музиката во 5 минути“, се состоеше од музика од филмовите „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“, „Класични времиња“, „Титаник“, вклучуваше изведба на најпопуларните опери, евергрини но и повеќе стилови на поп, рок, соул, ритам и блуз, па дури и електронска музика. Можеби не по вкус на повозрасната публика и оние кои ја сакаат класиката, но сигурно, настапот на Вока Пипл барем според реакцијата на присутната публика беше еден од најинтересните и највозбудливите на годинешното издание на Охридско лето.
{loadposition content9}