Во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” Охрид извршена првата операција на ’рбет, најнова роботска технологија.
Оперативниот зафат со користење за прв пат на новата генерација на роботски микроскоп беше извршен на 15-ти март.
Чувството беше неповторливо. Нашата болница „Св. Еразмо“ е рамо до рамо со најголемите Вертебролошки центри. Со над 120 вертебролошки и операции на нерви и на отворен мозок „Св Еразмо“ е рамо до рамо со клинички центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува нивното времетраење. Пациентите, медицинскиот тим и хирурзите го заслужуваат тоа – напиша неврохирургот, д-р Митре Милошевски на својот фејсбук профил.
Д-р Милошевски изразува надеж дека после оваа операција и тренинг, наскоро болницата ќе биде опремена со ваква модерна апаратура со што ќе се сврсти во редот на најсовремените центри за Вертебрологија во Европа.