На 19.04.2022 година од 6 до 10 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, извршија контроли на 10 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај.
Притоа, не се констатирани прекршоци и други технички неисправности – информираат од СВР Охрид.