Skip to main content

Јагнешко се купува само заради традиција

Во последниве години не се памети некој да купи цело јагне како што имаше случаи пред повеќе години, велат од охридските месарници. Охриѓани за велигденската трпеза купуваат повеќе свинско месо затоа што е поевтино. Додека пак потрошувачката на јајца пред празникот е стандардна, велат продавачите на јајца.

 |  Николоска Биљана  | 
jajca
јајца

jagneskoПравославните верници се подготвуваат за Велигденските празници. Неизбежен дел од празнувањето е и богатата трпеза на која се собира семејството на свечен ручек. Граѓаните кои сакаат да се гостат со јагнешкото месо од својот буџет ќе треба да издвојат 365 денари за килограм. Во споредба со минатата година јагнешкото месо  е поефтино за 30 денари, информираат охридските месари. Гоце Каранџулоски од месарата „МИК“ Св Николе, вели дека поминало времето кога муштериите купувале по цело јагне за Велигден. Годинава не купувале ниту половина, само четвртина од јагнето колку да се запази традицијата, а најголеми потрошувачи биле пензионерите, додава тој.

„Побарувачка има повеќе, но моментално само прашуваат, последниот ден се чека да се земе јагнешко но претежно купуваат свинско тоа е поефтино. Имаме доволно јагнешко кое потекнува од Св Николско“ – вели Караџулоски.

Годинава иста останува цената на јајцата на охридскиот пазар, од 150 до 250 денари според класата, тврдат продавачите на јајца. Се купуваат јајца за вапцувње но и за козињак, кифли и торти, вели Јованка Ставреска, производител на јајца. Таа нагласува дека охриѓани во просек за Велигденските празници купуваат по два шаблони јајца, а има и такви кои купуваат и по еден за вапцување колку да се одбележи денот.

jajca„Исто е, цената не е поскапивме, како годинава така и лани, побарувачката е голема, поубавите јајца се за вапцување постарата јарка е за торта“– изјави Ставреска.

А Охрид, односно ЈП Градски пазар и годинава на 09 и 10 април по втор пат го организира Велигденскиот саем. Од година во година овој настан добива се поголемо значење, вели Марија Завојческа од одделението за јавност.

 „На наше големо задоволство како ЈП оваа година одзивот е многу поголем со тоа што учество земаат повеќе слаткари, пекари, цвеќари, ОсновнитеУ и ланската година бевме задоволни од посетеноста и се надевбаме дека и годинава посетеноста ќе биде голема, и еве ги покануваме сите граѓани да дојдат да учествуваат и заедно да си го дочекаме овој Христијански празник ов најдобро расположение“ – рече Завојческа.

И годинава саемот ќе има хуманитарен карактер и со собраните средства од ЈП ќе обезбедат пакети со производи што ќе бидат донирани на социјално ранливите семејства во Охрид.

{loadposition content9}