За Велигден наместо јагнешко свинско на трпезите
Граѓаните за Велигден се повеќе се одлучуват да купат неколку килограми свинско одколку јагнешко месо. Причона за тоа е нискиот стандард на охриѓани и високите цени на јагнешкото. На трпезата неизоставен дел се и велигденските јаца.
Охриѓани забрзано се подготвуваат за престојните велигденски празници. Овој најголем христијански празник се карактеризира со богата трпеза, со јагнешко и со вапцани јајца. Но, длабочината на џебот на граѓаните за жал не дозволува еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство.
Производителите на јајца велат дека и покрај нискиот стандард граѓаните купуваат. Цените се движат од 100 па се до 200 денари по шаблон и се многу пониски од минатата година.
-Не е лошо, се троши, годинава е многу поефтино па повеќе се купува, вели еден од производителите на јајца.
Дуг пак кажува дека слаба е потрошувачката. Граѓаните повеќе купуваат по маркетите одколку кај нас, додава тој.
Јагнешкото месо изминативе години со своите цени и тоа како знаеше да ги шокира граѓаните. Тоа минатата година достигна цени и до 400 денари за килограм. Годинава барем засега цената е нешто пониска.
–Цената на јагнешкото моментално е 345 ден. Засега не се купува многу. Купуваат по неколку килограми, а поголемиот дел од купувачите се одлучуваат за свинско, вели Гоце Каранџулоски од месарата МИК Свети Николе.
Цената од 350 денари за килограм се чини дека ќе биде и максимумот годинава, но и покрај тоа во месарниците повеќе се продава свинско отколку традиционалното јагнешко месо. Велигденската трпеза се чини со текот на годините полека го менува својот изглед.
{loadposition content9}