Skip to main content

Претседателски избори 2024

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Охридско-струшкиот регион, кој е познат по туризмот и мора да добие сеопфатна поддршка од институциите и од Претседателот на државата за развој на туризмот, особено на високиот туризам и искористување на сите потенцијали кои ги имаат и овој регион, но и целата држава, потенцира Јакимовски.
 |  инфодеск  | 

Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори.

Охридско-струшкиот регион, кој е познат по туризмот и мора да добие сеопфатна поддршка од институциите и од Претседателот на државата за развој на туризмот, особено на високиот туризам и искористување на сите потенцијали кои ги имаат и овој регион, но и целата држава, потенцира Јакимовски.

Мора да инвестираме во туризмот, треба да го направиме автопатот од Свети Стефан до Свети Наум, треба да видиме како можеме да се поврземе со Ресен, треба да направиме тунел под Галичина, треба да направиме мастер-план за Галичица, значи летото да го поврземе со зимата. Тоа се мастер-плановите коишто треба да ги предлага и да ги иницира еден претседател на држава!– рече Јакимовски на средбата со граѓани на Охрид.

Доколку ја добие довербата на граѓаните, претходно на средба со стружани вети поддршка за развој на туризмот, за квалитетна туристичка понуда, како и изградба на автопатот Кичево – Охрид.

Јакимовски се осврна и на актуелна тема во предизборието и упати критика до двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, а во врска со промената на Уставот.

„Кога ги анализираме двете политички партии, СДСМ е спремен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот кај ВМРО-ДПМНЕ е што тоа сакаат да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори.“ – рече Јакимовски.

Токму затоа мислам дека на овие избори ваквите партии треба да бидат казнети и македонските граѓани да донесат одлука, односно да дадат поддршка на оние што ќе ги штитат националните интереси, особено на Македонците во Република Македонија, порача Јакимовски.