Skip to main content

црвен крст охрид

Јане Петков во просториите на Црвен крст Охрид одржа предавање за неверојатните можности на човечкиот дух

Eден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се ослободи и излезе на површината од езерото, информираат од Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024 вчера, во просториите на Црвен крст Охрид охриѓани имаа можност од таканаречениот „човек амфибија“ Јане Петков и да слушнат за неверојатните можности на човечкиот дух, за силината на мислата и вољата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот, а особено при изведување на подвизи кои се граничат со човечките можности.

Eден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се ослободи и излезе на површината од езерото, информираат од Црвен крст Охрид.

Овој атрактивен настан започнува во 12 ч. на плажата Сарајште во Охрид.