Skip to main content

Јапонците ни ги скенираат депониите

Ќе добиеме ли регионална депонија?

 |  Маленкова Татјана  | 
deponija
депонија

Ќе се реши ли конечно еден од најгорливите проблеми во регионов? Ќе се изгради ли во Југозапдниот плански регион современа регионална депонија? Оваа тема деновиве повеќе од актулена, поради посетата на високите гости од Јапонија на Југозапдниот регион. Во рамките на поддршката што Јапонската влада и ја дава на Македонија, претставници на меѓународната агенција за соработка – JICA, предводени од заменикот директор Араки Арефу го посетија Центарот за развој на Југозапападниот плански регион, при што беше разговарано за решавањето на проблемот со цврстиот отпад во Регионот. На средебата директорката на Центарот за развој, Мирјана Лозаноска, информира за досегашните чекори што се преземени за решавање на овој приоритетен проблем, а станало збор и за останатите проекти што се реализирани во изминативе две години.

„Нивната мисија сега е еден вид скрининг мисија за да видат дали нешто е изведливо и возможно преку заемите кои под поволни услови ги дава, Јапонската агенција за меѓународна соработка преку Јапонската влада“, вели директор на југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска.

Претставниците на агенцијата посебно се интересирале и за функционирањето на комуналните deponijaпретпријатија, начинот на собирањето и третирањето на цврстиот отпад. Гостите со цел да добијат целосна слика за моменталните состојби во менаџирањето на овој проблем, денеска се сретнаа и со директорот на ЈП Охридски Комналец. Алче во телефонскиот разговор ни откри дека гостите посебно се интересирале за работата на Охридски Комуналец но и за тоа како ова претпријатие се справува со отпадот. Дознаваме дека тие бие видно изнанадени и задоволни од организаираноста на ова ЈП, по што било договорено од вторник да започнат интензивни разговори за заедничка борба за подигнување на јавната свест кај учениците, но и изнаоѓање начини за намалување на количеството на отпад.   

Во рамките на престојот во Регионот деновиве гостите ќе се сретнат и со првите на ЈП од Струга и од Кичево, а ќе ги посетат и депониите во овие градови.  Сетоа ова треба да се случува деновиве, а се што видоа и затекнаа гостите од Јапонија ќе ни презентираат при нивната следна посета.

„Ни  најавија дека за два месеци повторно треба да дојдат, а во меѓувреме врз основа на сите средби кои треба да ги имаат, ќе состават извештај, кој ќе се разгледува во Токиската централа, а потоа тие ќе дадат мислење, дали ќе може да го дадат тој заем и дали ќе се спроведува во Југозападниот плански регион“, додава  Лозаноска.

Лозаноска признава дека воопшто не се разговарало за сумата за изградба на регионална депонија бидејќи deponijaоваа посета на претставниците на меѓународната агенција за соработка е само скрининг процес. За трошоците ќе стане бор само доколку гостите увидат дека овој проект е изводлив. Што се однесува пак до локацијата за изградба на депонија е сосема друго прашање.

„На последната седница советот за развој одлучи интегрираното управување со цврст отпад да го спроведува преку ИПА апликација односно да достави апликација до министерство за живота средина да влезе во владина програма и санитарната депонија да се изгради со средства од третата компонента ИПА, со која што би имале и некоја сопственот на таа депонија да не се дава на концесионирање“, вели Лозаноска.

Директорката  доадава дека следен чекор кој ќе се спроведува е сите општини да се изјаснат за регионално тело, кое ќе биде составено градоначалниците, по што ова тело ќе одлучува за сите постапки понатака. 

{loadposition content9}