Јапонците ќе му помагаат на Охридското езеро
Со јапонски пари ќе се изработува Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна.
Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна.
Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција која е планирана да се изведе по објавата на Физибилити Студијата. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро “ , рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското езеро.
Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на охридското Езеро започнаа веднаш по потпишувањто на договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу Премиерите на Македонија и Јапонија. Јапонски експерти досега превзеле неколку мисии во регионот при што е изработен и Извештај за состојбата на колекторскиот систем. Македонското Министерсттво за животна средина и просторно планирање подготви Апликација за издвојување средства за изработка на физибилити студија кои се веќе одобрени. Партнер на Јапонската агенција е Министерството за Финансии , а стручниот дел се одвива преку Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје и одделението на Министерството во Охрид.
{loadposition content9}