Skip to main content

Стопанство

Јапонски искуства за домашните компании

Почнува постапка за стандардизирани менторски услуги. Ментори ќе ги подучуваат компанииите како да постигнат економски развој. Поддршката е техничка, чекор пред добивање финансиска поддршка.
 |  Валентина Неловска  | 
Јапонски искуства за домашни компании

Со помош на Јапонски консултанти ќе се спроведуваат стандардизирани менторски услуги за претпријатија во земјава. Маја Тасева, од Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија, информира дека се спроведува државен проект за унапредување на претпријатијата. Со менторските услуги до подостапни државни или донаторски програми за локален економски развој.

„Поддршката е техничка, чекор пред финансиската поддршка. Претпријатијата пред да дојдат до други поддршки треба да се подготват. Треба да се прифатат на пр. зголемување на продуктивноста, набавка на нова опрема. Методата овозможува анализа на работењето на претпријатието. Од повеќе аспекти да се видат клучните насоки на движење. Каде треба да се сконцентрира претпријатието“-нагласува Тасева.

Хитомио Јокојама е консултант на Џајка. Јапонска Агенција која дава менторски услуги за поддршка на мали и средни претпријатија. Македонските компании веќе 10 тина години ги споделуваат нивните искуства.

„Услугите се однесуваат на градење доверба меѓу менторите и претпријатијата. Поддршката што се дава на малите и средни претпријатија е взаемна меѓу државната помош и претпријатијата во Јапонија. Ние сме среќни што ќе придонесеме во развојот на стопанството во Македонија и Западен Балкан“-подвлекува Јокојама.

Менторскиот процес има за цел да ги унапреди компаниите, вели Мимоза Попоска. Тие ќе добијат поддршка од менторите. Ќе ги подучуваат компаниите во текот на 50 часови врз практиките на Јапонските компании. Од нивното искуство компаниите учат, напоменува Попоска.

Менторскиот процес овозможува да се следи тековното работење. Од сите аспекти да се набљудува деловното функционирање. Тоа го прават специјализирани професионалци. Тие од 2018 година работат на оваа проблематика“, напоменува Мимоза Попоска, од охридската Агенција за поддршка на малите и средни претпријатија.

Сопствениците на малите и средни претпријатија од Југозападниот регион може да се вклучат во проектот. Со тоа им дава можност да се запознаат со процесот. Да се инфомираат и напредуваат. Менторскиот процес почнува од јуни и ќе трае до октомври.