Skip to main content

Јасно да се знае каде може да се гради тешка индустрија, бараат екологистите

Екологистите од „Грашница“ и Движењето на екологистите од Македонија,  реагираат на Законот за животна средоина.

 |  Валентина Неловска  | 
екологисти
екологисти

Екологистите од „Грашница“ и Движењето на екологистите од Македонија,  реагираат на Законот за животна средоина. Тие се прашуваат како може фармите и отпадите да се градат  надвор од населените места, а тоа да не важи за индустриските капацитети од тешката индустрија.

Јасна Стојаноска, од  ЕД Грашница, вели, бараме дополнување на Законот за животна средина. Да се ограничи  и дефинира растојанието на кое ќe се врши градењето на новите индустриски капацитети во зависност од степенот на индустриското загадување. Фабриката може да го предизвика загадување и треба да се разграничи каде може да има тешка индустрија во населено место, а каде не.“
екологисти
Во Европската унија секоја земја има посебна регулатива за уредување за безбедносното растојание. Така екологистите очекуваат и во нашето законодавство да се регулира оваа проблематика  во интерес на сите. Иницијативата која ќе ја поднесат до надлежните институции е позитивна и за граѓаните, но и за инвеститорите, потсетуваат екологистите. Нивна цел е заштита  на околината и населените места од загадување.

„ Да се забрани градењето на тешката индустрија и да  се спречи грешката од Велес , каде што е изграден  индустрискиот капацитет. Со просторното планирање и одделеченото растојание ќе се знае во иднина каде и  што може да се гради во населено место.Тоа ќе е сигурност и за граѓаните и за инвеститорите“, појаснува Стојаноска.

ЕД „Грашница“ бара поддршка од граѓаните  за да се заштити околината од загадување во иднина.
За поднесување на иницијативата им се потребни 100 потписи од граѓаните, па екологистите ги покануваат еколошки  освестените граѓани на соработка.
   {loadposition content9}