Големо јато на фламинга беше забележано на крајбрежјето на Охридското езеро, на големиот празник Велигден.
Туристите имаа можност да уживаат во оваа посебна глетка која е несекојдневна особено во нашата земја.
Фламингата беа во голем број, а дали „залутале“ или пак новиот дом го пронашле токму во Охрид засега останува нејасно.
Инаку, ова не е првпат да се појави фламинго во Македонија, пред две години во Преспа исто така беа забележани розови фламинга во Преспанското езеро.
Извор/Курир
Големо јато на фламинго лета низ Охридското езеро pic.twitter.com/AlmKlh7DYs
— Курир (@KurirMK) April 16, 2023