Општина Охрид објави јавен оглас за доделување дозволи за општински линиски превоз

Општина Охрид објави Јавен оглас бр. 02/2026 за доделување дозволи за вршење општински линиски превоз на патници на повеќе градски и приградски линии.
Предмет на огласот се следните линии:
- Градска линија 1
- Градска линија 2
- Охрид – Пештани – Охрид, линија 1
- Охрид – Пештани – Охрид, линија 2
- Охрид – Горно Лакочереј – Охрид, линија 1
- Охрид – Вапила – Ливоишта – Охрид, линија 1
- Охрид – Косел – Охрид, линија 2
- Охрид – Велгошти – Охрид, линија 1
- Охрид – Велгошти – Охрид, линија 2
- Охрид – Елшани – Охрид, линија 1
- Охрид – Свиништа – Куратица – Охрид, линија 1
Дозволите се доделуваат за период од пет години, сметано од денот на добивањето на дозволата за вршење на бараниот превоз.
Избраниот превозник ќе биде должен да го врши превозот на наведените релации по максимална, односно пониска цена од максималната утврдена со Одлуката на Советот на Општина Охрид бр. 08-5185/25 од 28.04.2026 година.
Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака „Јавен оглас 02/2026“, најдоцна до 24 август 2026 година до 10:00 часот.
Јавното отворање на понудите ќе се одржи истиот ден, 24 август во 10:15 часот, во Малата сала на Општина Охрид, а на него можат да присуствуваат подносителите на понудите.
Целосниот јавен оглас со условите и потребната документација може да се погледне на следниот линк: Јавен-оглас-општински-линиски-превоз-082026.pdf



