Општина Охрид објави јавен оглас за доделување дозволи за општински линиски превоз

Општина Охрид објави Јавен оглас бр. 04/2026 за доделување дозволи за вршење општински линиски превоз на патници на повеќе релации.
Со огласот се опфатени следните линии:
Охрид – Орман – Долно Лакочереј – Охрид
Охрид – Ливоишта – Охрид
Охрид – Св. Наум – Охрид
Охрид – Свиништа – Куратица – Охрид
Дозволите се доделуваат за период од пет години, сметано од денот на нивното издавање. За дел од линиите е предвидено делумно субвенционирање од страна на Општина Охрид, согласно утврдените услови. Линијата Охрид – Св. Наум – Охрид нема да биде субвенционирана во месеците јуни, јули и август.
Право на учество имаат превозници кои ги исполнуваат условите наведени во огласот, меѓу кои поседување најмалку две соодветни возила, важечки лиценци и потребен број вработени возачи.
Критериум за избор на најповолен превозник е најниската понудена цена на месечниот билет по линија.
Крајниот рок за доставување на понудите е 6 ноември 2026 година, до 14:00 часот, во архивата на Општина Охрид или преку пошта.
Јавното отворање на понудите ќе се одржи истиот ден, 6 ноември 2026 година, со почеток во 14:15 часот, во Малата сала на Општина Охрид.
Целосниот текст на јавниот оглас, условите за учество и потребната документација се достапни на следниот линк: ЈАВЕН ОГЛАС БР.04/2026 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ ЗА ЛИНИЈА – Ohrid.gov.mk



