Јавен повик за финансирање на проекти од областа на социјалната заштита за 2024 год.
Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2024 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик.
Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Охрид во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности,а се со единствена цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за социјална заштита за 2024 година.
Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид.
Право на учество имаат здруженија на граѓани, асоцијации и слично, поединци кои работат во областа на здравствената и социјалната заштита чии што активности се на територијата на општина
Охрид.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до 01.11.2023 година (среда), до 15.00 часот.
Јавниот повик ТУКА.
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за детска, здравствена и социјална заштита).