Skip to main content

Општина Охрид

Jавен повик за финансирање проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот

Крајниот рок за пријавување е 15 дена од денот на објавување на веб страната на општина Охрид до 14:30 часот.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид објави јавен повик за финансирање проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2024 година.

Целта е зајакнување и поддршка на локалниот економски развој и туризмот, обезбедување на поцелосно застапување на конкретни локални/регионални интереси преку зајакнување на локални/регионални иницијативи и поврзување на засегнатите страни на локално/регионално ниво со цел да се создадат конкурентни туристички производи, како и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во заедницата и развивање на свеста за економската важност, социјалните и другите ефекти од туризмот, како и потребата и важноста од зачувување и подобрување на сите елементи на туристичката ресурсна база на охридската туристичка дестинација, а особено заштитата на животната средина како и природното и културното наследство во согласност со принципите на одржлив развој и препораките на УНЕСКО.

Вкупниот износ за овој повик изнесува 1.050.000.00 МКД.

Крајниот рок за пријавување е 15 дена од денот на објавување на веб страната на општина Охрид до 14:30 часот.

Повеќе детали за повикот ТУКА.