Јавен повик за литературен и ликовен конкурс за ученици од основните и средните училишта
Општина Охрид преку Советот за превенција на детско престапништво и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата распишува Јавен повик за литературен и ликовен конкурс за ученици од основните и средните училишта.
Општина Охрид преку Советот за превенција на детско престапништво и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата распишува:
- Литературен и ликовен конкурс на тема: „Безбедно на патот-сигурно до целта“ наменет за
учениците од I до IX одделение. Цел: подигнување на јавната свест за сообраќајната култура и
безбедноста на децата во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи.
Право на учество имаат учениците во следните категории:
I категорија: Ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
Износот на наградата за најдобрите литературни и ликовни творби во I категорија е:
Прво место- 3000 денари;
Второ место-2000 денари;
Трето место-1000 денари; II категорија: Ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение);
Износот на наградата за најдобрите литературни и ликовни творби во II категорија е:
Прво место- 4000 денари;
Второ место-3000 денари;
Трето место-2000 денари; - Литературен конкурс на тема:
„Секој збор е пат, секоја мисла светлина –да не се изгубиме во темнината на грешката“ наменет за учениците од (I до IV година) од средните училишта на подрачје на општина Охрид. Цел: поттикнување на свеста кај младите за последиците од погрешните избори и девијантното однесување, емпатија наспроти насилство, мирно решавање на конфликти, важноста на личната и општествената одговорност. Право на учество имаат учениците од (I до IV година) од средните училишта на подрачје на општина Охрид (III категорија.
Износот на наградата за најдобрите литературни во III категорија е:
Прво место- 4000 денари;
Второ место-3000 денари;
Трето место-2000 денари;
Литературните и ликовните творби најдоцна до 13.03.2026 година до 12 часот, треба да се достават на следната адреса:
ОПШТИНА ОХРИД
Ул. „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 Охрид
Со назнака за „ литературен или ликовен конкурсКатегорија- I, II или III “
Или лично во архивата на Општина Охрид.
Повеќе информации на линкот.