Skip to main content

Јавен повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка форма на попреченост во училишна возраст

Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик. 
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид.

Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови.

Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. За оваа намена во буџетот на општина Охрид за 2026 година се предвидени 150.000,00 денари.

Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

За повеќе информации кликнете на ЛИНКОТ.