Skip to main content

општина охрид

Општина Охрид објави Јавен повик за културни проекти за деца за 2027 година

Целта на повикот е да се збогати културната понуда за децата во Општина Охрид со квалитетни, безбедни и достапни содржини, приспособени на нивната возраст.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид објави јавен повик за доставување предлог-програми, проекти и активности од јавен интерес во областа на културата за 2027 година, во рамки на програмската линија „Културата расте со децата“. Повикот е наменет за прибирање проектни предлози од областа на културата наменети за деца од 3 до 12 години.

Целта на повикот е да се збогати културната понуда за децата во Општина Охрид со квалитетни, безбедни и достапни содржини, приспособени на нивната возраст. Еден апликант може да поднесе повеќе проектни предлози, при што секој проектен предлог се разгледува и оценува поединечно.

За разгледување и можно вклопување во Програмата за култура може да се предложат програми, проекти и активности од една или повеќе од следните области:

  1. Детска култура и уметност – музика, театар, танц, ликовна и визуелна уметност, кукленбтеатар и други сценски и уметнички форми приспособени за деца;
  2. Креативни, едукативни и интерактивни работилници – насочени кон развој накреативноста, моторните вештини, уметничкиот и јазичниот израз;
  3. Книжевност за деца и поттикнување на читачката култура – промоции на книги, читања, раскажувачки активности, средби со автори и илустратори;
  4. Фолклор, традиција и нематеријално културно наследство – преку едукативни и креативни содржини кои го негуваат локалниот идентитет и културните вредности;
  5. Интердисциплинарни и иновативни културно-образовни програми – кои поврзуваат уметност, култура, образование и современи креативни практики;
  6. Детски манифестации, настани и фестивали – со културно-уметничка, едукативна и промотивна содржина наменета за поширока детска публика.

Апликациите се доставуваат во затворен плик со назнака: „ЗА ЈАВЕН ПОВИК – КУЛТУРАТА РАСТЕ СО ДЕЦАТА 2027“ Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид . Апликациите може да се достават лично преку Архивата на Општина Охрид или по пошта.

Јавниот повик трае најдоцна до 30.11.2026г., до 15:00 часот.

Повеќе информации на линкот.