Skip to main content

Општина Охрид

Јавен повик за субвенционирање општински линиски превоз на патници

Краен рок за достава на барањата:31.01.2024 година, до 13 часот.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Охрид и линиски превоз на патници кој заеднички го организира со Општина Дебрца.

Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти кои обавуваат линиски превоз на патници во услови на економска криза односно овозможување одржливост на линискиот превоз преку доделување на субвенции за реализиран превоз на патници за 2023 година.

Повикот може да се прочита ТУКА.

Дополнителни појаснувања во врска со објавениот повик може да се добијат лично во просториите на општина Охрид или писмено по електронски пат до Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици: komunalen.razvoj@ohrid.gov.mk

Краен рок за достава на барањата:31.01.2024 година, до 13 часот.