Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2026 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на традиционални занаети на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-1141/1 од 02.02.2026 година објавува Јавен повик за за субвенционирање на традиционални занаети на подрачјето на Општина Охрид за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик имаат кондураџии, опинчари,производство на хартија, книговез, ваљајчари, бојаџии, кувенџии, резба на дрво и бакар, филигран, ткајачи и четкари, кои се регистрирани занаетчии од традиционални занаети, согласно Законот за Занаетчиство како физички и правни лица (‘’Службен весник на РМ’’ бр.15/2015;215/21).
Висината на субвенцијата ќе се утврдува така што вкупниот износ на средствата планирани за оваа активност во буџетот на општина Охрид ќе се распределат пропорционално со бројот на пријавените занаетчии од традиционални занаети и ќе ги исполнуваат условите и критериумите од повикот, а секој барател кој ги исполнува условите од повикот ќе добие ист износ на средства.
Поцеќе информации на линкот.