Skip to main content

општина охрид

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2026 година

Доделувањето на средствата ќе се врши по принципот “Прв дојден, прв услужен” во периодот од објавување на повикот па се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик.
 |  инфодеск  | 
Субвенции велосипеди

Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2026 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед во 2026 година општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2026 година.

Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед со датум од објавувањето на овој повик се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален Данок на доход, стои во повикот.

Право на учество на Јавниот повик има секое физичко лице кое ќе ги исполнува условите наведени во повикот. Доделувањето на средствата ќе се врши по принципот “Прв дојден, прв услужен” во периодот од објавување на повикот па се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик. Информации за потребните документи и начин на аплицирање на веб страната на општината.