општина охрид
Јавен повик за финансирање на предлог – идеи во областа на културата на Општина Охрид за 2026 година
Општина Охрид: Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на културата.
Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес распишува Јавен повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Охрид за 2026 година и ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на културата, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за развојот на културата во општина Охрид.
Предлог- идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат во рамките на програмата за култура во текот на 2026 година.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до 19.11.2026 година (среда), до 15.00 часот.
Повеќе детали на линкот.