Skip to main content

општина охрид

Јавен повик за поднесување барање за субвенционирање на дел од туристичката такса

Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на дел од уплатената туристичка такса која ја уплаќаат физичките лица кои вршат угостителска дејност во општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

Врз основа на Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој за 2025 година, од Г2 програмата за потикнување на развојот на туризмот, предвидено e субвенционирање на дел од уплатената туристичка такса, која ја уплаќаат физичките лица кои вршат угостителска дејност во општина Охрид. Согласно истата и донесениот Правилник за субвенционирање- (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност бр.09-14929/1 од 05.11.2025,општина Охрид објавува: JАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ НА ДЕЛ ОД УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ ЗА ПЕРИОД 01.01.2025 – 01.12.2025.

Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица кои вршат угостителска дејност и се запишани во регистарот кој го води Градоначалникот на општина Охрид согласно член 4 од Законот за угостителска дејност, редовно и навремено да ја подмируваат туристичката такса, со што се очекува добивање на пореален приказ за бројот на остварени ноќевања. Дополнително ваквата активност ќе придонесе кон подигнување на квалитетот на сместувачките капацитети.

Крајниот рок за пријавување е 01.12.2025 година, а повеќе информации за јавниот повик на линкот.