општина охрид
Јавен увид на донесените нацрт програми и нацрт буџетот за 2026
Од денес нацрт документите за 2026 достапни за увид – започнува собирањето на забелешки и предлози

Советот на општина Охрид на седницата одржана на 10.12.2025 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2026 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги достават до стручните служби на општина Охрид. Јавниот увид трае 7 дена почнувајќи од 11.12.2025 год.
Повеќе информации на линкот.







