Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО Охрид 3, изработен од ,, Човек и Простор,, дооел Охрид со технички број 18 РА/12 од септември 2023 г.
Планскиот опфат на НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3 со површина од 0.85 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
– на север, овој простор се граничи со КП бр. 14985 (средно економско училиште),
– на исток со КП бр. 15541 (детска градинка Јасна Ристеска),
– на југ се граничи со сервисната улица Димитар Влахов и
– на запад со станбената улица Мите Богоески.
Јавната анкета ќе трае од 16.10.2023 – 31.10.2023 год.
Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на Општина Охридна ден 30.10.2023год. со почеток во 12.00 часот.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на Општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на Општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на Општина Охрид.
Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма.