Skip to main content

Општина Охрид

Утре ќе се одржи Јавната презентација и расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Охрид (2023-2027)

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози.
 |  инфодеск  | 

Утре (05.04.2024г.) во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот ќе се одржи Јавната презентација и јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Охрид (2023-2027).

Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk почнувајќи  од 15.03.2024 год. до 14.04.2024 год. 

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за  Општина Охрид (2023-2027) до Општина Охрид до 18 ти април 2024.

План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027).