Skip to main content

Јавна презентација и расправа по Нацрт извештајот на влијанието врз животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ 4

Јавната  презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 02.09.2025г.  во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 11:30 часот.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт извештајот на влијанието врз животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ 4, УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4, УБ 4.4 опфат 1,  Општина Охрид.

    1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Измена и дополнување на ГУП за УЗ 4, УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4, УБ 4.4 опфат 1, Општина Охрид    
    2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во  Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата , Општина Охрид, секој работен ден  од 7:30  – 15:30 часот    почнувајќи  од 11.08.2025 год. до 10.09.2025 год. 
    3. Јавната  презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 02.09.2025г.  во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 11:30 часот.
    4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

Планските документации може да се погледнат ТУКА.