Skip to main content

Животна средина

Продолжуваат активностите за заштита на Охридското Езеро

Јавната расправа за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата, ќе се одржи во септември.
 |  Голабовски Крсте  | 
Охридско езеро

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на 14.09.2023 (четврток) со почеток во 10:00 часот.