Skip to main content

Jавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за Парк на природа

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април (вторник), со почеток во 11часот во сала за состаноци во општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Белчишко блато

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Деабрца, организира јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија 4 – Парк на природата. Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април (вторник), со почеток во 11часот во сала за состаноци во општина Дебрца. Учеството на јавната расправа треба да се потврди за што повеќе информации има на веб страната на министерството. Нацрт Законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање. Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Законот граѓаните може да доставуваат најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.