Skip to main content

Локална самоуправа

Јавните претпријатија пред колапс

Мерките за штедење струја ќе се спроведуваат, но општините се исправени пред сериозен проблем, вели охридскиот градоначалник. Јавните претпријатија како Водовод, не може да ги платат енормните износи на доспеани сметки за струја. Преку ЗЕЛС бараат помош од Владата за излез од финансиските потешкотии наметнати од енергетската криза.
 |  Валентина Неловска  | 
voda

Финансиски колапс им се заканува на јавните претпријатија. Од денес, стапуваат на сила владините мерки за штедење на електрична енергија, а јавните претпијатија се во хаотична финансиска состојба. Сметките за потрошена електрична енергија пораснале дури за 5 пати споредено со износите од минатата година. Се чувствуваат негативните ефекти од енергетската криза кој започна од декември минатата година. Владиниот план за штедење ќе се спроведува, но општините се исправени пред сериозен проблем, кажа охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

Локалната самоуправа, посебно во јавните претпријатија, состојбата е повеќе од хаотична. Едно претпријатие како Водовод нема светла иднина. Последната сметка за струја во Водовод е 14 милиони денари, а приходот е 10,5 милиони денари. Плата за вработените е од 8,5 до 9 милиони денари со покачување на минималата плата. Не може да се плати струја, ова е тотален хаос – изјави Пецаков.

Градоначалникот Пецаков најави свикување собир на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа за да се надминат овие состојби, во спротивно се заканува целосен финансиски колапс на општините. Со тоа се доведува во прашање испораката на услугите кон граѓаните. Пецаков напоменува дека неколку пати одржале заеднички состаноци со ЗЕЛС и Владата. Барале решение како ЈП кои се занимаваат со снабдување на вода за пиење да бидат на регулиран пазар за да се издржат притисоците.

Струја

Владата не е спремна, нема начин како буџетски да ги обезбеди тие средства со регулиран пазар и ќе продолжат проблемите. Најмал проблем се мерките за штедење за кои ќе мора да се погрижиме за во зима, но имаме многу сериозен проблем со претпријатијата кои треба да се сервис на граѓаните – појаснува Пецаков.

Дашмир Насуфи, директорот на струшкото ЈП Водовод, за ТВМ изјави дека и тие се соочуваат со хаотична, финансиска ситуација. Прашува како да штедат кога нивното претпријатие сега добива сметка за плаќање од 2,5 милиони денари за струја, а претходно сумата била 700.000 денари. Ги заменивме старите со штедливи пумпи за вода, но како ќе биде понатака е голема незивесност, вели Насуфи. Како членки на АТКОМ преку Зелс и тиа бараат помош од Владата.