Skip to main content

Центар за развој на југозападен плански регион

Јавните претпријатија во Охрид ќе се подноват со нова опрема

Јавните комунални претпријатија во Охрид ќе се подноват со нова опрема. Преку проект на Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе се набавува камион кипер за ЈП Водовод и два трактори со опрема за ЈП Комуналец и Нискоградба. Целта е обновување на застарената опрема и поголема ефикасност на јавните претпријатија, зголемување на квалитетот на работата и намалување на трошоците.
 |  инфодеск  | 
Камиони

Ќе се јакнат капацитетите на јавните комунални претпријатија во Охрид и Дебрца. Ќе се набавува опрема со вкупната вредност од 8,6 милиони денари. ЈП „Водовод“ Охрид ќе добие камион кипер, додека за потребите на ЈП „Охридски Комуналец“ и „Нискоградба„ ќе се набавуваат два трактори со пропратна опрема.

Целта е обновување на застарената опрема и поголема ефикасност на јавните претпријатија, зголемување на квалитетот на работата и намалување на трошоците, велат од Центарот за развој на Југозападниот регион.

За општина Охрид за јавните претпријатија за „Водовод“ се набавува камион кипер, исто така се набавуваат и два трактори со пропратна опрема за потребите на Комуналец и Нискоградба. Да ја обновиме опремата така ќе имаме поефикасно одржување на водовод, канализација, отпадот тоа е во рамки на овој проект – изјави Мирјана Лозаноска, директор на Центар за развој на Југозападен плански регион.

Мирјана Лозаноска

Комуналното претпријатие од општина Дебрца ќе добие 200 канти за отпад.

Вкупната вредност е 8,6 милиони од кои што 6,9 милиони денари се од Бирото за регионален развој преку програмата за рамномерен развој, а 1,7 милиони се сопствено учество на општините партнери. Овде имаме две општини Охрид и Дебрца. За општина е предвиено набавка на канти за отпад со капацитет од 250 литри околу 200 најверојатно. Бидејки цените се менуваат, но ориентациони ке бидат околу двесте – додава Лозаноска.

Камиони

Јавните претпријатија кубурат со опрема и финансии. Застарени камиони и трактори чие одржување чини скапо, а ефикасноста е ниска. За овој проект веќе е потпишан договорот со Бирото за регионален рамномерен развој, ќе се реализира оваа година.

Камиони

Новинар : Соња Рилковска