Skip to main content

Јавно излагање за урбанистички проект на парцела ГП 1.17, во рамки на ДУП за УЗ 8 во Охрид

Јавното излагање ќе се одржи на 21 октомври 2026 година, со почеток во 12 часот, во Големата сала на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид закажа јавно излагање на Проектната програма за изработка на урбанистички проект со план на парцелација за градежната парцела ГП 1.17, формирана во рамки на ДУП за УЗ 8, УБ 8.2, Блок 1, во КО Охрид 2.

Јавното излагање ќе се одржи на 21 октомври 2026 година, со почеток во 12 часот, во Големата сала на Општина Охрид.

Со проектот е предвидено дел од катастарската парцела 11497/1 да се припои кон реализираната сообраќајница на улицата „Јане Сандански“, со што ќе се намалат површината на градежната парцела, површината за градење и вкупната развиена површина.

Од Општина Охрид информираат дека непосредните соседи и засегнатите сопственици можат да достават евентуални приговори до Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, најдоцна до денот на јавното излагање.

Повеќе детали во целосниот документ ТУКА.