ВМРО Народна бара јавното осветлување да остане во општински раце
Нивниот предлог доаѓа како реакција на изгласувањето на физибилити студијата за замена на уличното осветлување во градов по пат на јавно-приватно партнерство, на една од претходните седници на Советот на општина Охрид.
Локалната самоуправа сама да ја изврши промената на стандардното улично осветлување во градов наместо тоа да се прави по пат на јавно-приватно партнерство. Ова беше предлогот со кој денес на прес конференција излезе претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски. Според него, нелогично е профитот од наплатата на јавното осветлување наместо во општината, да оди кај приватен партнер.
„Ние мислиме дека барем во ова нивно објаснување дека ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за 50 проценти со овие нови сијалици, кои трошат помалку енергија, и во наредните 7 до 10 години се менуваат, така што после 15 години ние ќе ги користиме, а профитот на општината би бил после 15 години. 15 години ќе профитира приватна фирма.“-рече претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски.
Од Народна дополнително предложија локалната најпрво да направи пилот проект и самостојно да ги замени светилките на булеварот „Туристичка“ како би можеле да ги видат ефектите од новиот начин на осветлување.
„Ако видиме дека е успешно, тогаш дел по дел општина Охрид треба да ги менува светилките само со профитот што ќе го остварува, значи 250.000-300.000 евра. Другата година бидејќи ќе се сменети светилките и ќе трошат помалку струја, уште поголем профит ќе има општина Охрид, така што за 4 до 5 години мислиме дека општина Охрид, сама може да ги промени сите овие светилки и да остане уличното осветлување на општина Охри, да не се приватизира. Се надеваме дека локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески ќе го послушаат овој наш предлог што го даваме по кој знае кој пат, можеби петти, немаат ниту еден послушано досега, се надеваме дека ќе остане уличното осветлување на општина Охрид, нема да се даде на приватна фирма.“-вели Костоски.
Инаку според Костоски во општина Охрид во моментот постојат околу 7.627 светилки кои генерираат приходи од околу милион евра годишно добиен од наплатата за улично осветлување кое го плаќаат граѓаните.
{loadposition content9}