Дани Димитровска и Николче Мицевски продолжуваат со циклусот обработки на традиционални песни во питом џез призвук.
Аранжманот на оваа легендарна песна е визија на виртуозниот Мицевски. Тој во соработка со оригиналната Дани, продолжува со возобновување на старите македонски песни, носејќи ги во нов, приемчив, уникатен звук.
Etno&Jazz проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното.
Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев и Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот.
Николче Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните.
Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво, а во планираниот албум гостуваат и други наши врвни музичари.
Изведбата во живо на „Дејгиди, луди млади години“ може да ја слушнете преку видео записот кој е достапен на јутјуб каналот на Дани.