Skip to main content

JICA: Колекторскиот систем е во незавидна состојба

Од Јапонска агенција претпоставуваат дека обновувањето или дозавршувањето на колекторскиот систем, би чинело нешто повеќе од педесет милиони евра.

 |  Голабовски Крсте  | 
jika
џајка

Колекторскиот систем кој игра незаменлива улога во заштитата на Охридското езеро, моментално се наоѓа во незавидна состојба, зборуваат податоците прибрани од терен од страна на тимот на  Јапонската агенција за меѓународна соработка, ЏАЈКА. Во таа насока тие ги презентираа и техниките  кои може да се употребат за негово реновирање.

Tosija Abe„Денес сум многу почестен со присуството на овој семинар на кој ќе бидат презентирани резултатите од испитувањето. Уште поважно ќе биде предложено решение за проблемот со канализациониот систем и понатамошните активности подобрување нживотната средина на Охридското Езеро“ информира Тошија Абе.

Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро објасни дека во игра се две солуции за санација на колекторскиот систем. Едната е рехабилитација на системот со обложување на цевките од колекторскиот систем, а втората е изградба на нов колекторски систем во зависност од политичките одлуки кои ќе се донесат. Но фактите велат дека моменталната состојба во која се наоѓа колекторот е лоша.

Panoski „Она што е факт е дека е дека колекторскиот систем е во незавидна состојба , посебно оној дел што се однесува на одведување на отпадните води, односно цевките и делот кој се однесува на мешањето на атмосферската канализација со фекалната канализација. Техниките кои денес се презентирани ќе ни бидат потребни во моментот кога ќе ја отвориме донаторската конференција за обезбедување средства за почеток на рехабилитација на системот за заштита на Охридското езеро“ објасни Паноски.

Од Јапонска агенција претпоставуваат дека обновувањето или дозавршувањето на колекторскиот систем, би чинело нешто повеќе од педесет милиони евра, па поради тоа планирано е организирање на донаторска конференција во која сите заинтересирани донатори ќе можат да настапат и да покријат еден дел од финансиската конструкција за нужната реконструкција на колекторскиот систем. Градоначалникот Никола Бакрачески пак верува дека со заеднички координирани активности и заеднички менаџмент, ќе  биде постигната крајната цел, т.е целосна, трајна и одржлива заштита на Охридското езеро.

Seminar JICA„Верувам дека извештајот на Јапонската агенција за меѓународна соработка ќе биде вистински патоказ не само за засегнатите субјекти, во која насока да ги усмерат своите активности, туку ќе биде прилика и за меѓународните финансиски институции, да го најдат својот интерес во подршка на Охридското Езеро. Ве уверувам дека во Општина Охрид секогаш ќе имате вистински партнер во напорите да го зачуваме и заштитме Охридското езеро за наредните генерации, а ќе дадеме логистичка подршка за организација на донаторска средба за реализација на оваа наша заложба“ истакна Градоначалникот Бакрачески.

Инаку Јапонската агенција за меѓународна соработка е агенција на владата на Јапонија, одговорна за имплеметација на билатерална помош преку техничка соработка, заеми и грантови. Поддршката во Македонија е примарно насочена кон животната средина и развојот на приватниот сектор.

{loadposition content9}