Јоксимовиќ и Милески официјално кумови на Водици 2015
Балканската поп звезда Жељко Јоксимовиќ и неговиот пријател бизнисменот Зоран Милески и официјално се новите кумови на манифестацијата Богојавление – Водици 2015. Како што објавија од здружението во врска со изборот на кум, годинава направен бил преседан со тоа што го прескокнале гласањето бидејќи го имале вистинскиот избор.
Жељко Јоксимовиќ балканската поп ѕвезда и бизнисменот Зоран Милески ќе бидат кумови во Охрид на празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление – Водици 2015. Ова денес на свечената седница го обелоденија од здружението на граѓани „Богојавление“. Зошто Јоксимовиќ? Интенцијата на здружението била манифестацијата Водици да прерасне во Балкански настан.
„Значи ние почнавме меѓу нас како градска Охрид , потоа со Чифлиганец македонска, па сега одиме на балканска. За оваа година оценивме дека кумството треба да го добие Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески кој веќе 4 години наназад аплицира за кум за водици 2015“. – велат од Богојавление.
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески изјави дека празникот Водици прераснал во туристичка атракција, и станал еден од препознатливите обележја за Охрид, атрактивен за голем број туристи. Бакрачески очекува рекордна посетеност за време на одбележувањето на Водици.
„Се надевам дека оваа година празникот Богојавление Водици ќе го организираме со уште побогата програма на активности со оглед натоа што наредната година празникот паѓа во понеделник, програмските активности ќе почнат три дена пред тоа. Најавуваме богата програма за овој празник“ – изјави Бакрачески.
Зоран Милошески еден од кумовите за Водици 2015 вели дека му се исполнил еден голем животен сон што бил избран за кум на Водици 2015.
„Јас уште од дете имам скокано по крстот и четири години наназад конкурирам за кум на Водици така да огромана е честа што го добив кумството заедно со мојот пријател Жељко Јоксимовиќ“ – вели Милески.
Традиционално на денот на рибарите ќе се подготвува рибната чорба и ќе се фрлаат бурињата со вино во Охридското Езеро. Хотелиерите и угостителите пак се подготвуваат да ги пречекаат туристите со празничен попуст.
{loadposition content9}