На конститутивната седница на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Охрид беше изгласан Јован Крлев за секретар на Општинската организација на СДСМ во Охрид, информираа од партискиот огранок.
-Другарот Јован Крлев изминатиот период се покажа и докажа како личност која гласно и борбено ги бранеше партиските идеали и како личност која ужива углед во доменот на својата професионалност, но и почит помеѓу нашите членови и симпатизери. На СДСМ секогаш ветер во грб и се младите, нивната амбиција, елан и енергија, велат од ОО на СДСМ Охрид.
Од општинската организација на Јован му посакаа истрајност и мудрост при носењето на одлуки заедно со партиското раководство, многу успех и плодна работа, почитување на ставовите и мислењата на членовите и соработка со секој оној кој верува и ги почитува социјалдемократските вредности.