Skip to main content

Јован Стојаноски е новиот градоначалник на Охрид

Јован Стојаноски е новиот градоначалник на Охрид. Мнозинството во Советот го доби Советничката листа на СДСМ заедно со здружената коалиција и Дуи како коалиционен партнер со 13 советнички места, според аналитичкиот центар на СДСМ.

 |  Валентина Неловска  | 

Јован Стојаноски е новиот градоначалник, вака одлучија охриѓани на вчерашните локални избори. Синоќа од градскиот плоштад каде што се славеше победата Стојаноски се обрати до охриѓани од каде им упати благодарност за дадената доверба. Среќени сме по убедливата победа. СДСМ, заслужено на овие избори излезе со содржајна програма и ги освои гласовите на граѓаните за да има промени во државата, рече при тоа Стојаноски.

„ Се надевам ќе ја оправдаме довербата на граѓаните. Оваа убедлива победа не значи ништо освен голема обврска за сите нас кои бевме вклучени во изборниот процес да ги реализраме сите најавени проекти и да најавиме нови вработувања и се она што народот од нас го очекува. Живот за сите и ние мора понатака да се бориме за да го реализирме сето тоа“, кажа во обраќањето градоначалникот Стојаноски.


Според, податоци од СДМС, Советничката листа на СДСМ и Коалиционите партнери освоија мнозинство во градскиот Совет, информира Томислав Тунтев претседател на ОО на СДСМ Охрид и шеф на изборниот аналитички центар. Она што е најважно во овој изборен циклус е тоа што 33. 860 охриѓани излегоа на избори одважно и достоинствено, вели Тунтев. Разликата од над 4600 гласа дава надеж дека тие поверуваа во прогармата и проектите кој ќе бидат реализирани за доброто на сите охриѓани. Според податоците на аналитичкиот центар на СДСМ го освоивме и мнозинството во Советот од вкупно 23 советнички места, напоменува Тунтев.


„Коалицијата помеѓу СДСМ, здружената коалиција и Дуи како коалиционен партнер има мнозинство во советот од 13 советници. Во моментов се пребројуваат гласовите. Има некој разлики меѓу нашите и податоците на ОИК, но во текот на денот се ќе е јасно. Да им честитам на советниците без разлика од било која политичка провиенција да доаѓаат да изразам надеж дека одлуките во Советот ќе ги донесуваат заедно со градоначалникот во корист на граѓаните на Охрид“, рече Тунтев.

Охрид да го направиме место за живеење за сите, да ги задржиме младите и да ги вратиме оние кои својата егзистенција ја бараат надвор од Охрид и државата, рече Томислав Тунтев  претседател на ОО на СДСМ Охрид и шеф на изборниот аналитички центар