Skip to main content

Стојаноски: Еднакви можности за сите охриѓани

Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник на Охрид на СДСМ и коалицијата во изборната кампањa најави  создавање на еднакви можности за сите граѓани. Со поддршка на граѓаните ветува  подобрување  на локалната економија  и екологија, вработување на младите со обезбедување на владина помош за малите и средните претпријатија. 

 |  Валентина Неловска  | 

Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, во изборната кампања најави еднакви можности за сите граѓани на Охрид. Барајќи ја поддршката на охриѓани, порача дека во својата 20 годишна работа во образованието знае што значи влог во подбра иднина за сите. Има визија, заедно ,  каков Охрид да создадеме и општина за сите, рече во своето обраќање.


„Секој граѓанин да се обрати до општината и да ја добие својата услуга. Ја враќаме моќта и самостојноста на Месните и Урбаните заедници кои со зајакнат статус ќе бидат во служба на граѓаните. Во соработка со Владата обезбедуваме помош за малите и средните претпријатија и следствено на тоа нови вработувања и можности за младите“, истакна во своето обраќање Стојаноски.


Со поддршка на граѓаните ветува подобрување не само на локалната економија туку и на екологијата. Работиме по план, создаваме инфраструктура за сите, проекти и активности за потребите на сите граѓани на општина Охрид, потенцира Стојаноски .


„ Нудење на нови решенија во водоснабдувањето, санација и доизградба на колекторскиот систем, изградба на фабрика за отпад , услови за достоинствена старост и гасификација на Охрид“, рече Стојаноски.

По 15 октомври, Стојаноски кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, најави создавање на нов Охрид и Живот за сите во Охрид.