„Јованка Орлеанка“претстава на театарот од Габрово вечерва на Охридско лето
„Јованка Орлеанка“ претстава на театарот од Габрово вечерва на Охридско лето
10 члената театарска екипа од професионалниот театар од Габрово гостува вечерва на Охридско лето и ќе ја играат преставата Јованка Орлеанка. Главната улога ја донесува Гергана Змијчарова, а режијата е доверена на најдобриот млад, бугарски режисер Петринел Гочев. Ова е приказна за два света на една девојка која никого нема да остави рамнодушен.
Како театарска екипа ние работиме и живееме заедно, појаснува режисерот Петринел Гочев.
„ Ние во моментов создаваме претстава која е за тука и нема да се случи на друго место. Ќе видите уникатна претстава, а на друго место таа ќе биде друга Јованка Орлеанка тоа е нашата концепција“ , кажува Гочев.
Професионалниот театар од Габрово има долга традиција, постои 7 децении. Габровскиот театар е светски центар на комедијата и монодрамата која е под покровителство на Унеско. Во моментов ја имаат најдобрата млада актерска екипа , подвлекува и директорката на театарот Невена Митева.
„ Во последните 10 години театарот патува на светски фестивали ,а последниет три години се особенно плодни за еттарот Габрово.Во 2014 година во Бугарија е прогласена за најдобра претставата Ромео и Јулија, дело на Петринел Гочев“, вели Митева.
Вечерашната претстава Јованка Орлеанка ќе се игра на отворено. Платото пред ОУ Св. Климент Охридски во 21 часот ќе биде фестивалската сцена каде што ќе проструи актерската енергија на габровци.