Skip to main content

Јованоски: Обезбедуваме подобра иднина за Охрид

СДСМ докажа дека вистински е посветена на креирање квалитетни политики. Продолжуваме да инвестираме во современ развој на Охрид и туристички напредок, истакна на денешната прес конференција Науме Јованоски, носител на советничката листа од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

 |  Валентина Неловска  | 

Предводејќи ја локалната и централната власт, СДСМ докажа дека вистински е посветена на креирање квалитетни политики и реализира значајни проекти за подобра иднина за Охрид, истакна на денешната прес конференција Науме Јованоски, носителот на советничката листа од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Благодарение на ангажманот на градоначалникот Константин Георгиески, реконструирани се и асфалтирани значајни градски сообраќајници и значително се подобрени условите за безбеден сообраќај, кажа Јованоски потсетувајќи на зафатите во делот на инфраструктурата како реконструкцијата на Абас Емин, АСНОМ, 15-ти Корпус и др.

Во финална фаза се градежните активности за реконструкција на улиците „Јане Сандански“, а следува реконструкција на улиците „Македонски Просветители”, Будва”,Гоце Делчев”, „Прилепска“. Предвидуваме изградба на улицата „Јордан Мијалков“ реконструкција на улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „7-ми Ноември“, „Илинденска“, „Шар Планина“, „Галичица“ и многу други улици во сите делови од градот – истакна Јованоски.

Носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата истакна дека се подготвуваат и други проекти. Најави создавање на систем за јавен велосипедски превоз со изнајмување на велосипеди.

Подобрен систем за контрола на движењето на возилата во стариот дел на градот. Ќе инсталираме современ дигитален систем со смарт видео надзор, за контрола на движењето на возилата и подобра функционалност на режимот на сообраќај во стариот дел на градот. Воведуваме нов современ еко превоз со набавка на еколошки електрични возила за транспорт на туристите и организирање на промотивни тури во стариот дел на градот – додаде Јованоски.

Јованоски истакна дека ќе продолжат да инвестираат во современ развој на Охрид и да обезбедуваат подобри услови за туристички напредок. Порача дека како советничка листа „Најдоброто за мојата општина“ од СДСМ и коалицијата ја заслужуваат поддршката од граѓаните, како и поддршката за уште еден мандат на градоначалникот Константин Георгиески. Убедени се дека заедно со него на 17-ти октомври ќе имаат уште една голема победа за Охрид.