Skip to main content

ЈП „Билјанини Извори“ го модернизира паркирањето со QR-плаќање и виртуелни месечни билети

Ј.П. „Билјанини Извори” продолжува со модернизација на паркинг-услугите и создавање поедноставен, подостапен и поефикасен систем за сите корисници. Паркирањето во Охрид сега е поедноставно, побрзо и подостапно, само со неколку клика, велат од претпријатието.
 |  инфодеск  | 

Ј.П. „Билјанини Извори” воведе нов софтверски систем за паркирање, со кој на граѓаните и посетителите им се овозможува побрзо, поедноставно и целосно онлајн плаќање на паркинг-услугите.
Со новиот систем, месечните билети за паркирање може да се купат и платат онлајн, без потреба од физичко доаѓање во просториите на претпријатието и без плаќање во готово. Месечните билети се целосно виртуелни и се поврзуваат директно со регистарската ознака на возилото, со што се елиминира потребата од хартиени билети, налепници или нивно поставување во возилото.

Дополнително, за странските гости и туристите е овозможено едноставно плаќање преку QR-кодови, кои директно ги пренасочуваат кон страницата за онлајн наплата. На овој начин, плаќањето може да се изврши брзо, сигурно и без потреба од готовина или посета на продажно место, посочуваат од јавното претпријатие.


Новиот систем овозможува онлајн купување и продолжување на месечни билети; виртуелни билети поврзани со регистарската ознака; плаќање со платежна картичка; едноставно плаќање за странски гости преку QR-код; побрза и поефикасна контрола на паркирањето; намалување на административните постапки и чекањето во редици, потенцираат од Билјанини извори.


Со воведувањето на новиот софтвер се стремиме кон постепено намалување на физичката наплата и поголема примена на современите, безготовински начини на плаќање. Целта е да обезбедиме побрза, посигурна и потранспарентна услуга, достапна во секое време и од која било локација, велат од јавното претпријатие.