Skip to main content

ЈП „Билјанини извори“ победник на фудбалскиот турнир под покровителство на локалната

На турнирот силите ги одмерија 8 екипи од јавните претпријатија, општина Охрид и Советот на град Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
turnir
турнир

Фудбалскиот тим на ЈП „Билјанини извори“ победник на турнирот во мал фудбал во организација токму на ова јавно претпријатие, а под покровителство на општина Охрид.

turnir BiljaniniТимот на „Билјанини извори“ во финалниот меч беше посилен од тимот на МЈП Проаква со резултат од 6:5. Во мечот за третото место пак помеѓу екипите на ЈП Нискоградба и Градски пазар подобар беше тимот на Нискоградба со резултат од 6:4. Дводневниот турнир се одржа во салата  „Билјанини извори“, а учество зедоа 8 екипи и тоа, екипите на јавните претпријатија Нискоградба, Билјанини извори, Градски пазар,  Охридски комуналец и МЈП Проаква како и двете екипи на општина Охрид и една од Советот на град Охрид. Организаторите, од ЈП „Билјанини извори“ воедно велат дека резултатот на овој турнир е во спореден план, а вистинската цел е дружбата и да се прикаже една друга страна на општината и јавните претпријатија.

Од таму велат и дека овој турнир во иднина ќе прерасне во традиционален.

{loadposition content9}