Skip to main content

ЈП „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори“ со демант дека дел од излезите на салата се затворени

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.
 |  инфодеск  | 

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.

-Нашата спортска сала работи согласно сите прописи за безбедност и заштита. Објектот поседува план, правилник и проценка за заштита од пожари и други непогоди, кои строго се почитуваат. Сите излези се функционални и лесно пристапни во секое време. Дополнително, хидрантите и противпожарните апарати се редовно сервисирани и во целосна исправност, што може да се потврди со соодветна документација, се вели во соопштението од претпријатието.

Во прилог на информацијата претпријатието на нивната официјална Фејсбук страна ги објави и фотографиите кои ја докажуваат вистинската состојба на спортската сала.