ЈП Градски гробишта ги сведе долговите кон доверителите скоро на минимум
Задолжувања кон државните институции нема. Проблем им е еднствено постојаното пристигање на судски пресуди заради претходно издадени незаконски откази кон вработените кои биле непожелни, информира директорот Ванчо Костоски .
Јавното претпријатие Градски гробишта ја завршува годината со позитивен финансиски резултат, споделува директорот Ванчо Костоски. Со домаќинско работење оваа година очекуваме да ја завршиме во позитива со 3 милиони денари, појаснува Костоски.
„Очекуваме да бидеме во плус. Ги намаливме трошоците за суровините за 30 до 40 проценти од набавната цена на суровини кои ние ги користиме. Тоа се цемент, песок, бекатон. На пример да споменам дека во 2017 година се набавувале по 415 ден бекатон плочките , а сега ние ги набавуваме 250 денари“, вели Костоски.
Задолжувања кон државните институции нема. Засега, единствено главоболки на раководтсвото на ЈП Градски гробишта доѓаат од судските инстанци. Проблем се постојаното пристигање на судски пресуди.
„Ни пристигаат премногу судски пресуди направени наназад. По најголем основ што не чека е исплата по решенија по основ за бракање од работа на непожелни луѓе кои судот ги врати на работа. Сега следува да исплаќаме оштета од 10 до 12 илјади евра. Има од други пресуди како што се незаконски прекинувања со фирми, кои пристигаат за наплата сега, па, доаѓаат суми од 100.000 до 140 .000 денари. Последниот долг што го плативме е 145.000 денари казна за ненавремено плаќање за 4 години од 2014 до 2017 година на ЈП кон Управата за приходи“, кажува Костоски.
На вработените во ЈП им е овозможено во последните две години платите да им се зголемат за 20 посто, вклучувајќи ја и последната законска одлука. Сето тоа е резултат и на домаќинското работење на ЈП, нагласува директорот Ванчо Костоски.