ЈП Градски гробишта ја доби Б лиценцата за изведување на градежни работи
Од Министерството за транспорт и врски е издадена дозволата со која сега може да се изведуваат бројни градежни зафати како што важат за сите ГП. Тоа не значи дека ова претпријатие ќе гради и згради, вели директорот Ванчо Костески.
Добиена е Б лиценцата за работа на градежни дозволи која е дел од законската обврска и од статутот на ЈП Градски гробишта. Сега ова ЈП и легално ќе ги врши градежните зафати кои ќе му ги доверува Локланата самоуправа, вели директорот Ванчо Костески.
„Таа Б лиценца досега нашето претпријатие ја немаше без неа постоеше опасност да се прекинат изведбите на градежните работи. Но, со напори на ЈП обезбедивме средства и ја извадивме дозволата.Со тоа ги задоволивме сите законски критериуми“, вели Костоски.
Од Министерството за транспорт и врски е издадена дозволата со која сега може да се изведуваат бројни градежни зафати како што важат за сите гардежни претпријатија., додава Костоски.
„Ние работиме во делокругот на градежни работи од нискоградба како што се патеки, патчиња, бекатонки, скали и потпорни ѕидови, а со Б лиценцата има широк спектар на работи кои може да ги изведуваме, но сигурно нема да градиме згради“, вели Костоски.
Исто така, директорот напоменува дека во ЈП нема зголемување на вработувања, туку од пред 3 години дури има и намалување за 3 работници.
Во моментов, вработени од градежната оператива во ЈП Градски гробишта го уреди просторот кај Центарот за култура каде што ќе биде поставено градското лизгалиште. Тоа ќе работи за време на Новогодишните и божиќните празници.