Skip to main content

ЈП Градски пазар Охрид

ЈП Градски Пазар издава локации за продажба на сувенири во Стар град

Пријавите да се достават најдоцна до 23.06.2023 год. во 11.00 часот.
 |  инфодеск  | 
Стар град

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење, продажба на сувенири на 4 локации во Стар град.

Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат:

  • на патеката од  Самоилова Тврдина – вкупно 2 локации
  • пред влезот во “Плаошник” – вкупно 1 локација
  • Антички театар – вкупно 1 локација

Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 01.07.2023 до 01.10.2023 година.

Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое правно лице со регистрирано деловно седиште во општина Охрид (и кое не е во постапка за стечај или ликвидација) и физичко лице, жител на општина Охрид, а кои немаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

Пријавите да се достават најдоцна до 23.06.2023 год. во 11.00 часот.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

Огласот во целост ТУКА.