Skip to main content

ЈП Градски Пазар Охрид издава локации за типизирани тезги за продажба на сувенири

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.06.2024 до 15.09.2024 година.
 |  инфодеск  | 
Охрид Кеј Фото: Ѓоко Симјаноски

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за продажба-типизирани тезги за сувенири.

Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат:
Во Стар град – Варош вкупно 10 локации и тоа на патеката од Самоилова Тврдина кон Плаошник- вкупно 5 локации, пред влезот кон “Плаошник” – вкупно 4 локации, пред влезот на “Амфитеатар”- вкупно 1 локации и на Кеј Македонија вкупно 7 локации.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.06.2024 до 15.09.2024 година.

Целиот оглас ТУКА.

фото: Ѓоко Симјаноски