ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за издавање локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење со намена за продажба на сувенири во Стар град – Варош.
Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат на патеката од Самоилова Тврдина кон Плаошник, пред влезот во “Плаошник”, пред влезот на “Амфитеатар”.
Продажбата на сувенири ќе се извршува на урбана опрема со димензии 2.00 м х 1.00 м
Урбаната опрема за продажба на сувенири ќе се издава за времетраење од 15.06.2023 до 15.09.2023 година.
Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација и секое физичко лице кое е жител на општина Охрид, а кои имаат подмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.
Огласот е отворен до 12.06.2023 год. до 11.00 часот. По евалуација на доставените понуди ќе се одржи електронско Јавно наддавање за кое учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
Огласот со графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.